Албанската опозиција од утре на протести за промена на премиерот Рама

Албанската опозиција, од утре најави дека ќе започне со протести за промена на актуелниот премиер Еди Рама.Од опозицијата велат дека причините за протестот се поради лошата економска состојба, непочитувањето на правата на граѓанитe, како и случајот “Дивјак”, во кој италијанскиот пилот неуспеал да прошверцува 460 килограми албанска марихуана, што претставувало доказ дека Владата е вмешана во шверц со дрога.

“Бараме оставка од Рама и неговата Влада, бидејќи албанскиот народ не прифаќа Влада која е замешана во организиран криминал”, рече Љуљзим Баша, претседател на опозициската Демократска партија.

Рама ги одбива сите обвинувања дека тој и неговата Влада се вклучени во билокаква криминална организација, како и дека за деветте месеци владеење имаат огромен успех во борбата против шверцот на дрога.

Првиот антивладин протест, опозицијата го одржа на 20 февруари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.