Албанската опозиција побара оставка од премиерот Еди Рама

Големиот протест на албанската опозиција предводена од Демократската партија на актуелниот градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша, мина мирно, без и најмал индцидент, пишува МИА.

На третиот по ред масовен антивладен протест беше побарана оставка на владата на социјалистичкиот премиер Еди Рама, како и на спикерот на албанскиот парламент Илир Мета.

Според лидерот Баша,и двајцата се „една банда олигарси“ поврзана со криминал.

– Тие се виновни за уназадување на економијата, се потешкиот живот на нашите граѓани, корупцијата и организираниот криминал кои ја зафатија земјата и чпиј дел се и тие. Ќе се протестира, се додека тие не си одат до власта – порача Баша.

За назадување на економските процеси на земјата, како и за големата корупција и криминал во кој се замешани и самите. Опозицијата најави нови протести. Протестот мина мирно.

На мирните протести, според организаторот присуствувале повеќе десетици илјади граѓани.

Протестот се одржа под силно полициско обебзедување, зашто имаше најави за предизикување немири и инциденти.