Албанската полиција приведе 26 илегалци од арапските земји

Полицијата од албанскиот град Пермет, околу полноќ, приведе 26 илегални емигранти од арапските земји откако илегално ја минале грчко-албанската граница, објави МИА.

Уапсен е албанскиот државанин Арбен Топовити(45) под обвинение „давање помош за нелегално минување на државната граница“.

Според полицијата приведените имигранти изјавиле дека нивна цел било да стигнат во некоја од земјите на ЕУ. Минувањето од Грција, преку Албанија во Црна Гора им го организиран нивен сонародник и негови соработници за шtо платиле по илјада евра секој од нив. Со грчката страна се работи на откривање на организаторот.

Од почетокот на годинава албанската полиција има приведено над две илјади илегалци, главно од Еритреа,Сирија, Пакистан.