Албанската полиција приведе 37 имигранти

Албанската полиција утрово привела група од 37 имигранти кои нелагелно влегле во Албанија од Грција.

Групата е откриена кај селото Глине и од нив 21 државјанин биле од Сирија, седуммина од Конго и петмина од Еритреа.

Нивната цел било преку Албанија да минат само транзит а патот да го продолжат за Црна Гора а потоа за некоја западно европска земја.

Обидите на странските имигранти преку Албанија да заминат во некоја западно европска земја, речиси се секојдневна појава.

Полицијата лани успеала да открие и приведе над две илјади илегалци.