Албанската полиција уништи 2.000 стебла марихуана

Во рамките на широката акција за уништување насади со марихуана, албанската полиција, во текот на вчерашниот ден, на северот на земјата, во близина на Скадар уништи над две илјади стебла со марихуана, јави дописникот на МИА од Тирана.

Според полициски извори, акцијата која следувала по добиени оперативни сознанија била реализирана во општина Пулт и во селото Ќерат. Поголемиот број од стеблата се уништени во селото Ќерат додека над 600 стебла во општинаПулт.

Мархуната била засадена на површини во државна сопственост, поради што потешко оди идентификувањето на сопствениците на насадите.

По отпочнувањето на акцијата, за неполн месец на разни локации ширум Албанија уништени се над 15 илјади стебла марихуана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.