Балкан

Албанската полиција уништи 7.500 стебла марихуана

Албанската полиција уништи 7.500 стебла марихуана

Во рамките на акцијата „Ринас 2015“ албанската полиција, кај градот Круја,уништи 7.500 стебла марихуана и уапси седум лица, јави дописникот на МИА од Тирана.

Според полициското соопштение уапсени се лицата Артан Вароши(36), Мухарем Дервиши(54), Мухамет Вати(20), Г.Ц.(17) Бесим Вати(46),Џемал Тахири(41) и Редон Вати(20). Истите биле уапсени по полицикската контрола во атарот на селото Ќерек каде биле откриени шест парцели со 7.500 засадени со марихуана. Стеблата марихуана се уништени со палење,додека дел се земени како доказен материјал.

Полицијата запленила и автоматска пушка „калашњиков“ 39 куршуми и пет мобилни телефони. Запленетиот материјал е доставен до Обвинителството на регионалниот суд во круја а уапсените ќе одговараат за „држење без дозвола на оружје“ и „одгледување наркотични средства.

Од почетокот на големата полициска акција за откривање и уништување на површини засадени со марихуана, за неполн месец уништени се над 20 илјади стебла марихуана, во разни делови на земјата, најмногу по подрачјето на Скадар и Валона.