Албанската полиција уништи околу 3.000 стебла марихуана

Албанската полиција продолжува со акцијата за уништување на цели парецели засадени со марихуана, во чие откривање помага и италијански полициски хеликоптер.

Како што јави дописникот на МИА, само во текот на вчерашниот ден во неколку делови во земјата се уништени околу 3.000 стебла марихуана со висина до 30 сантиметри.

Во близина на јуниот град Саранда, полицијата уништила над 640 стебла марихуана високи од 15 до 30 сантимтери. Полицијата трага по сопственикот.

Повеќе од 800 стебла марихуана полицијата уништила во близина на градот Љушња и ги привела Димитраќ Прифти (49) и Теута Трифони (39), на чии имоти била откриен канабисот.

Полицијата од комесаријатот во Круја на 14 парцели уништила околу 1.500 стебла марихуана и трага и по сопствеиците на овие парцели.

Деновиве на подрачјето на Скадар беа уништени над три илјади стебла марихуана