Албанската полиција уништи 1.450 килограми марихуна

Околу 1.450 килограми марихуна во процес на сушење албанската полиција открила во поранешни магацински простории во Мамурас.

– При контрола во стар магацин во Мамурас во сопственост на лицето Ѓенош Вукани, а земен под наем од страна на лицето Л.М. беа запленети и уништени со палење 1.450 килограми марихуана во процес на сушење и преработка. Упасени се шест лица на возраст од 18 до 67 години, сите од Мамурас, а по лицето Л.М. се трага, стои во полицискотo соопштение.

Во акцијата учествувале 250 припадници на полицијата, вклучувајќи ги и специјалните полициски единици.

Албанската полиција продолжува со зајакната динамика во откривањето и уништување на насади со марихуана.

Во акција, во Скадар, 150 припадници на единицата за брза интервенција откриле и уништиле 6.555 стебла марихуана засадени на три парцели.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.