Балкан

Албанската полиција уништи околу 33 илјади стебла марихуана

Албанската полиција уништи околу 33 илјади стебла марихуана

Албанската полиција уништи 32.676 стебла марихуана само во текот на вчерашниот ден во рамки на големата акција за уништување парцели засадени со марихуана.

marihuana-stebla-albanijaУништените стебла марихуана биле засадени на 173 парцели на потегот Скадар-Дукаѓини, во подрачјето на областите на Пулт и Шош, планински тешко достапни терени. Стеблата биле со височина и од 220 сантиметри.

Во акцијата полицијата запленила и автоматска пушка, четири гранати, 700 куршуми, како и друго оружје. Истото било пронајдено во близина на местото од каде што беше пукано врз полициски хеликоптер за време на ланската акција, скриено во соѕидан ѕид во пештера,

Во акцијата беа вклучени 400 полицајци и припадници на специјалната единица „Ренеа“, распоредени во 35 групи, 60 возила и два хеликоптера.

На почетокот на минатиот месец албанската полиција уништи околу осум илјади стебла марихуана.

Стеблата биле високи од 60 до 160 сантимтери.

Припадниците на Полицискиот комесаријат од Скадар, во неколку села од Скадар, Пук и Голема Малесија, уништиле околу 6.000 стебла. Поголемиот дел од нив во селото Кафтал каде на 16 парцели уништиле околу 4.200 стебла, потоа во селото Шпот, 10 парцели со над 700 стебла, Васиај 11 парцели со над 800 стебла и Џај една парцела со над 210 стебла.

Сите искорнати стебла марихуна се уништени со палење.

Во акцијата на полицијата за уништување насади со мархуана, во атарот на селото Никол, во планискиот предел на Куртцај, кај Круја уништени се 27 парцели со над 2.000 стебла марихуна, со различна височина, пренесува МИА.

За нешто повеќе од два месеца,од кога почна широката операција за уништување на насади со марихуана, албанската полиција има уништено околу 45.000 стебла марихуана.

Лазарат – „Фабрика за марихуана“ во Албанија

Најпознатото место во Албанија каде речиси целосно населението се занимава со одгледување и продажба на марихуана кон крајот на минатиот месец беше целосно под опсада. Сите приоди до селото Лазарат беа под целосна контрола на полицијата, а за 21 лице беше распишана потерница.

Лазарат – „Фабрика за марихуана“ во Албанија

Албанската полиција тогаш испрати повеќе од 400 припадници на специјалните сили РЕНЕА и локалната полиција во селото Лазарат во рамки на акцијата за апсење на осомничените за нападот на полицајците.

Министерот за внатрешни работи на Албанија, Самир Тахири изјави дека операцијата е извршена во координација со Обвинителството за тешки кривични дела, дека е транспарентна и согласно законот.

Селото Лазарат,во близина на Ѓирокастро, е познато како „фабрика за производство на марихуана“.

Главна земјоделска дејност на населението е одгледување марихуана. Во текот на минатогодишната операција на полицијата беа уништени 23 тони канабис и околу 81.300 стебла марихуана и расад од ова растение. При претресот беа пронајдени и четири лаборатории од кои две за преработка и пакуваање на билки и две за преработка на хашиш.