Албанската полиција во Валона заплени марихуана врдена над 30 милиони евра

Албанската полиција,во приморскиот град Валона запаленила 932 клограми мархуана, чија крајна дестинација требало да биде италјанскиот нарко-пазар, каде што би достигнала вредност од повеќе од 30 милиони евра.

Дрогата била пакувана во 46 пакети, натоварени во комби возило марка „мерцедес“ со албански регистраски таблички, кое било паркирано, а требало да го продолжи патот со траект. Полицијата трага по сопственикот на возилото.

Деновиве, во две одделени акции италијанската полиција заплени четири тони мархуана прошверцувана од Албанија, 2,2 тона во реонот на Пуља и 1,8 тони, кај Бари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.