сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 0

Албанската полиција заплени 1,2 тони, а италијанската 650 килограми марихуна

Албанската полиција денеска соопшти дека вчерашната голема операција реализирана во повеќе делови во земјата, запленила еден тон и 273 килограми марихуана и уништила осум илјади стебла канабис сатива.

дрога

Поврзани вести

– Во вчерашнта акција спровдена на единаесет локации во Скадар, Ѓирокастро, Круја и Валона, запленети се еден тон и 273 килограми марихуана, уништени се осум илјади стебла од ова нарктично растение, одземени се четири парчиња оружје и уапсени се осум лица, се наведува во полициското соопштение.

Во текот на днешниот ден итлијанската полиција заплени 650 килограми мархуана, пакувана во 137 пакети, чија вредност на пазарот достигнува вредност од три милиони евра.

Марихуаната била откриена по дојава на жител, во двор на една вила на плажата Санто Стефано кај Монополи, провинција Бари. На брегот пронајден е напуштен моторен чамец, кој бил оштетен од удар во камен во морските води.

Според полицијата дрогата потекнувала од Албанија.

Најчитани вести