Балкан

Албанската полиција запленила 250 килограми марихуана

Албанската полиција запленила 250 килограми марихуана

По вооружена престрелка меѓу албанската полиција и нарко шверцери, запленти се 250 килограми марихуана која требало да биде прошверцувана на грчка територија.

Престрелката се случила во планинските предели на Сопот при обид дрогата да се прошверцува натоварена на мазги. Кога нарко шверцерите виделе дека се откриени од полицијата тие отвориле оган, на што возратила и полицијата, шри што нема повредени.

Уапсени се четворица албански државјани кои дрогата од селото Лазарат требало да ја транспортираат до градот Делвина, а од таму на грчка територија. Запленета е и автоматска пушка.

Во исто време, италијанската полиција разбила организирана криминална банда, уапсила 32 Албанци и запленила поголема количина на дрога. Акцијата била реализирана во повеќе градови во Италија.

Албанските државјани повеќе години живееле во Италија, каде се занимавале со криминални активности, главно шверц на дрога. Шестмина од уапсени е товарат за организиран криминал на меѓународно ниво.