Албанската пратеничка Дода продолжува со провокациите: Никој не може да ги спречи Албанците да живеат во ’Илирида’

Албанската пратеничка Месила Дода од партијата ПДИУ која е во коалиција со Социјалистичката партија на премиерот Еди Рам продолжува со скандалозните изјави и обајви на социјалните мрежи и коментирајќи ја ситуацијата во македонското Собрание вели дека истата не можела да биде поинаква и порача дека „Никој не може да ги спречи Албанците да живеат во ’Илирида’.

„Не можеше да биде поинаку. Едно општетство кое се храни со фантазмите на етничката омраза, една албанофобска политичка класа, државно раководство кое јавно ја прогласи омразата кон половина милион Албанци, не можеа ништо друго да направат освен да ја донесат омразата, насилството и навредите во сите овие години во очите на целиот свет. Потребно беше Талат Џафери да биде избран за претседател на Собранието (на кој му посакувам убава работа во корист на Албанците) за да експлодираше вистината. Зијадин Села денес е повреден и ние сите се молиме што побрзо да помине овој тежок момент за него и за сите Албанци, но истовремено денес треба да научиме дека треба да се подготвиме за секој напад кој мрачните сили го подготвуваат кон Албанците. Ние сме една нација и имаме еден став. Албанците треба да реагираат како единствена сила против секој напад. Го повторувам она што го кажав неколку месеци порано… Во една држава која не ги сака и не ги прифаќа, меѓу заедниците кои шират омраза кон Албанците. Албанците во Ирилида никој не може да ги спречи да живеат таму“, пишува Дода на Facebook.

Реагирајќи на ваквите изјави на албанската пратеничка Месила Дода дека „Македонија не постои, туку дека тоа е стара албанска покраина која се вика ’Илирида’“,  уште кон средината на март предупреди македонското министерство за надворешни работи и ги осуди јавните настапи со навредлива и запаллива реторика на официјални лица на Албанија, кои се однесуваат на  Македонија.

„Неодговорните изјави на јавни личности, кои, по својата функција, налагаат и подразбираат одговорност за јавно искажаниот став, не се во духот на добрососедските односи и декларираните заложби за пријателство и соработка меѓу двете земји, и особено не во духот на европските вредности“, предупредија од македонската дипломатија пред повеќе од еден месец пред да се случат немилите настани во македонското Собрание откако на неделовнички и незаконски начин, пратениците на СДСМ и албанските партии го назначија Талат Џафери од ДУИ за собранси спикер.

Македонските власти и претходно предупредуваат дека и покрај тоа што имаат разбирање дека изјавите се индивидуален став и чин на поединци, сепак оти очекуваат официјалните лица во соседството да се воздржат од потпалување на тензиите во регионот и своите политички дејствувања да ги насочат кон конструктивни предлози и иницијативи. Тоа, според МНР, би ја зајакнало соработката и довербата меѓу двете земји, би го подобриле стандардот на граѓаните, но и би ја забрзале европската интеграција.