четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 8

Албанската Влада предлага времена амнестија за сите кои ќе го предадат оружјето

Албанската Влада предлага четиримесечна амнестија за сите граѓани, кои ќе го предадат оружјето.

оружје

Поврзани вести

Министерот за внатрешни работи Саимир Тахири објави на својот профил на Фејсбук дека кабинетот одобрил нацрт-закон, според кој нема да бидат кривично гонети и казнети оние кои ќе го предадат оружјето до 30 април следната година.

Поседувањето на незаконско оружје може да донесе казни до 15 години затвор, но стари автомати „Калашников“ од армијата и многу пиштоли купени во Европа масовно се користат во криминалните пресметки, како и во случаите на крвна одмазда.

Во рамки на проектот на Обединетите нации беа собрани околу 200.000 парчиња оружје, но според проценките приближно исто толку се уште се незаконски во рацете на граѓаните.

Најчитани вести