Албански демонстрант удрил снимател на Танјуг во Брисел

Српскиот премиер, Александар Вучиќ го осуди нападот на демонстрант од Косово врз снимателот на Танјуг, Марко Трошиќ, кој се случил вчеравечер во Брисел.

-Очекувам белгиската полиција да ја изврши својата должност, рекол Вучиќ пред новинарите по состанокот со еврокомесар за проширување, Јоханес Хан, јавува Танјуг.

Демонстрантите од Косово, кои во Брисел протестираа против дијалогот Белград-Приштина го нападнале снимателот на Танјуг кога овој се обидел да ги сними.

Нападот се случил кога екипата на Танјуг се приближила до групата од триесетина косовски Албанци.

Новинарите се претставиле и прашале дали некој сака да даде изјава за тоа зошто се собрале и која е причината поради која протестираат.

На тоа еден од демонстрантите се издвоил и без никаков повод му удрил шлаканица на снимателот Марко Трошич, при што му ја расекол устата.

Белгиската полиција, која го проследила инцидентот, ја советувала екипата на Танјуг да се тргне, а снимателот го повикале доколку сака да поднесе пријава против напаѓачот.

-Ова е Брисел, не сме навикнати на вакви работи, рекол полициски инспектор.

Демонстрантите носеле албански знамиња и пароли со пораки „Рацете подалеку од Трепче“, „Доста од српската хегемонија“ и „За нашите права не се преговара“, наведува Танјуг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.