Албански навивачи ја опколиле српската амбасада во Тирана

Албански навивачи ја опколиле српската Амбасада во Тирана по инцидентот кој изби вчера на фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија кој се играше во Белград.

Натпреварот беше прекинат откако на теренот влета летало со знаме на „голема Албанија“.

Под сомнение дека организирал и раководел со тој инцидент, беше уапсен, па пуштен Олси Рама, брат на албанскиот премиер Еди Рама, кој имал американски пасош, објави Блиц.

Очевидци за весникот тврдат дека Рама за време на приведувањето покажал американски пасош.

– Јас сум американски државјанин и ништо не ми можете, рекол Рама.

Кај Рама (45) бил пронајден далечински управувач со кој лично управувал со беспилотното летало кое го носело знамето.

Заедно со Рама биле приведени и останатите членови на албанската делегација која седела во ВИП ложата на стадионот. И тие се пуштени на слобода бидејќи „ не било можно да се обезбеди брабител заради штрајкот на адвокатите“. Обвинителството дополнитечно ќе одлучи како да постапува по тој случај.

Инциденти синоќа се регистрирани и во Виена каде Албанци кршеле излози од угоистителски објекти на Срби. Австриската специјална полиција, како што јавуваат локалните медиуми спречила поголеми судири меѓу Албанците и Србите во тој град.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.