Македонија

Албански „пинкпантери“ ограбуваат златарници во Македонија и во Грција

Албански „пинкпантери“ ограбуваат златарници во Македонија и во Грција

Македонската полиција со колегите од Албанија засилено трага по албанските „пинкпантери“, кои најверојатно ги ограбиле златарниците „Џити“ и „Ер голд“ во вторникот во Дебар, пишува Дневник. Се претпоставува дека разбојниците учествувале во серија грабежи на златарници во Албанија, но и во Грција и во Македонија. Она што е заедничко за сите грабежи е фактот дека групата е тешко вооружена и е многубројна, а цел на напади им се златарници, каде што има богат плен.

Начинот на кој бил извршен грабежот е сличен на неколкуте грабежи на златарници изминатиов период во неколку поголеми градови во Албанија, вклучувајќи ја и Тирана. На идентичен начин беше ограбена и златарницата „Циркон“ во април годинава во Струга. Тогаш разбојниците пукаа во сопственикот и го ранија, по што однеле злато вредно над 420.000 евра.

Од МВР велат дека нема нови детали од потерата по разбојниците што ги ограбија двете дебарски златарници, и кои според неофицијални информации, однеле 18 килограми златен накит по престрелката со сопствениците на дуќаните. Полицијата не ја исклучува можноста грабежот во Дебар да е извршен од иста група што ја ограби златарницата во Струга.

Целиот текст прочитајте го тука.

Целиот текст прочитајте го тука.