Балкан

Албански пратеник доби забрана за влез во САД

Албански пратеник доби забрана за влез во САД

Стејт депарментот му забрани на албански пратеник влез на американска територија поради наводна вмешаност во корупција од големи размери.

На Том Доши, пратеник на албанската Социјалдемократска партија му е забранет влез во САД, како и на неговата сорпуга и деца. Доши изјави дека не направил ништо незаконски и напомена дека неговата сопруга и деца имаат австралиско државјанство.

Од февруари и на поранешниот албански јавен обвинител Адриатик Лали и на неговото семејство им е забранет влез во САД.