Албански пратеник се откажа од мандатот по обвинувањата за трговија со дрога

Албанскиот парламентарец Саимир Тахири се откажа во четвртокот од пратеничкиот мандат, пшорачувајќи дека на тој начин „како обичен граѓанин се соочи со започната истрага против него за вмешаност во трговија со дрога“ и че се справи со „кловновите во политијата“.

Пратеникот, кој инаку е поранешниот албански министер за внатрешни работи, Саимир Тахири, на прес-конференција рече дека ќе се соочи не само со правдата, туку и со политичките кловнови, не само претставниците на опозицијата, кои го обвинуваа уште во периодот кога беше прв полицаец во владата на премиерот Еди Рама, туку и претставниците на Владата кои во изминатите 25 години, според него, само краделе.

Тахири обвини за политичка хајка кон него и додаде дека шестмесечниот молк не е израз на неговиот страв, туку фактот дека тој сакал да се соочи само со правда, а не со политички обвинувања.

„Денеска го враќам мојот пратенички мандат додека не се открие вистината. Како обичен граѓанин, со моето семејство, со моите пријатели и сите луѓе што ми веруваат, ќе се соочам со правдата на законот, како што ќе се соочам со кловновите во политиката. Во ниту еден миг нема да се откажам. Еве ме како обичен граѓанин. Ова не е мојот последен меч, тоа е првиот. Јас сум Саимир Тахири и немам потреба од мандатот и имунитетот за да се соочам со кловновите во политиката денес и сѐ додека имам сила“, истакна Тахири.

Ги обвини „олигарските кои трчале по тендери“, додавајќи дека за еден пат или болница биле наплатувани четири до пет пати поголеми суми од реалните цени на изградбата, што се оценува идиректно обвинување и на актуелната власт.

Тахири беше пратеник и во периодот од 2008 до 2013 година, кога албанските социјалисти беа во опозиција, потоа беше министер за внтарешни работи, а во октомври минатата 2017 година беше сменет поради обвинувањата дека е вмешан во трговија со дрога од Албанија во Италија.

Парламентот по барање на Јавното обивнителство донесе одлука за одземање на неговиот пасош, но не и на мандатот, по што Тахири ја напушти партијата и стана независен пратеник. Како министер за внатрешни работи раководеше со акцијата со којашто по долги години полицијата влезе во фамозното село Лазарат, познато како „фабрика за марихуана“ и уништи големи количества дрога и сите парцели засадени со марихуана.

По избивањето на „скандалот“ со споменување на името на Тахири откако во Италија беше упасена групата на Моиси Хабилај, тој отфрла каква и да е вмешаност, тврдејќи дека станува збор за друго лице кое се споменува во прислушуваните разговори а го користи неговиот идентитет