вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 45

Албанскиот „либерален“ тероризам

Мора да бидеме свесни дека барањата за уништување на македонската држава преку ревизија на Рамковниот договор се пропагандното, „либерално“ лице на тероризмот. По него доаѓа автентичниот тероризам кој го видовме во 2001 година, а сега во Гошинце и во Куманово.

StefanVlahovMitcov

Стефан Влахов МИцов

Определбата „либерален терорист“ можеме да ја споредиме со определбата „дрвено железо“. И за едното, и за другото ќе кажете, дека не е можно. Но, кај Албанците се е можно. Можно е на пример терористот од 2001 година Али Ахмети наредната година да ја создаде Демократска унија за интеграција, да стане нејзин лидер (како пред тоа и на ОНА) и коалиционен владејачки партнер во држава против која војуваше.

Обратете внимание, терорист се трансформира во либерал и прави демократска партија. а нејзината цел е интеграција на сите Албанци во голема Албанија. На каков начин? Од една страна, со „либерални“ притисоци и уцени веќе 14 години. Од друга страна, преку директна комуникација со „нелиберални“ терористи како оние во Куманово, годинава.

И преку интриги против македонската држава на релација: Тирана – Брисел – Атина – Софија.

Денес тероризмот има многу маски: ослободителен, либерален, демократски, позитивен, спасувачки итн. Државниот тероризам на САД и НАТО се претставува како ослободување на Ирак, Либија, Сирија, Авганистан, Украина. Во последниот век САД извршија повеќе од 100 „ослободителни“ интервенции. Во споредба со нив, опкружена со 400 американски и натовски воени бази Русија е третирана од западната пропаганда како терорист број 1. Во исто време антидржавните терористи во Сирија, како и овие во Косово во 1999 г. и во Македонија во 2001 година се „борци за човекови права“. Тоа всушност е правото да бидеш убиец и окупатор. Не е чудно дека сите сојузници на Хитлер во Втората светска војна, сите државни окупатори – Унгарија, Романија, Бугарија, марионетната државичка Хрватска, станаа членови на НАТО. Затоа што фашизмот и хитлеризмот никогаш не ја напуштија Европа. Фашизмот без Мусолини и хителеризмот без Хитлер, но со истите манири на управување, пропаганда, шпекулации. Сепак, кога зборуваме „без Хитлер“ мора да бидеме внимателни. Нови научни истражувања докажуваат дека и наводното самоубиство на Хитлер е блеф. Како што Франко си живееше слободно до смртта, така и сликите на Хитлер во Патагонија се потврда дека не само фашистичкиот систем, а и нејзините херои биле зачувани.

Во последниве 25 години со поткрепата на САД албанската експанзија се шири по целиот Балкан. Албанците имаат претензии кон територијата на Македонија, Србија, Црна Гора, Грција. Тие претензии можеме да ги споредиме со големобугарските претензии кон целиот Балкан. Таа хистерија е позната кај останати и фрустрирани етноси кои сакаат да добијат предност со војни, тероризам, биолошка експанзија наместо со култура, уметност, цивилизација.

Денес во центарот на Скопје има споменик на албанскиот политичар Хасан Приштина кој во 1921 г. кратко време дури бил премиер на Албанија. Само што во своите мемоари пишувани во средината на минатиот век, Димитар Влахов се сеќава:

– Се смета дека во времето на целото царување на Турција во Албанија – освен пред (во) периодот кога Скендербег дигна бунт против Турската империја – околу половината од великите везири околу 40-мина, биле од албанско потекло. Но, тие Албанци, како и поголемиот број од нивните депутати во турскиот парламент не се чувствуваат како одделна нација… Ќе наведам еден типичен пример за тоа: разговорот што го имав со албанскиот народен депутат во Приштина – Хасан Приштина. Кога го запрашав: „Вие од која националност сте?“, тој ми одговори дека е муслиман. „Добро муслиман, но од која националност сте, го запрашав јас повторно, Турчин, Албанец или што сте?“. “Не, јас сум муслиман, јас не сум никаков Турчин, никаков Албанец, јас сум муслиман“.

Со два збора таканаречената албанска преродба е вештачка исто како бугарската или грчката. Дебела лага е и тврдењето дека Албанците во Косово и во Македонија биле автохтони. Тоа се апсолутно политички претензии без никаква историска подлога. Само што со поткрепата на САД тие претензии се остварија во Косово, а со терористичката војна против Република Македонија и потпишаниот Рамковен договор релативно и во нашата земја.

Се знае дека апетитот доаѓа со јадењето, затоа и денешните албански претензии се да ја контролираат цела Македонија. Арогантната пратеничка Ермира Мехмети, (која мисли дека модерната облека носи и памет), дури изјави дека прв службен јазик во македонското Собрание бил албанскиот, а одвај по него македонскиот. Не е чудно дека ДУИ и ДПА сакаа на први декември да спроведат меѓународна конференција за ревизија на Рамковниот договор со прогласување на албанскиот јазик за службен јазик на целата територија на Република Македонија, со етнички државен буџет, ротација на позициите претседател и премиер итн. Кратко кажано, едно малцинство кое е под 20 отсто, сака да управува со мнозинството од 80 отсто.

Веќе 14 години Албанците од ДУИ и ДПА ги тероризираат останатите малцинства во македонската држава, а свои претензии наметнуваат и врз македонското мнозинство. Та Бадентеров принцип, та Рамковен договор, та Пржински договор, та Закон за територијална поделба, та етнички вработувања на Албанци кои имаат високи позиции, седат дома и добиваат плата, а Македонци со високо образование и докторати се невработени. Нашите херои – бранители од 2001 година се запустени и гладни, а терористите што пукаа врз нив и ги убиваа се пратеници во македонското Собрание.

На сето таоа подбивање со македонскиот народ, со македонските херои, со македонската држава мора да се стави крај. Веќе 14 години ние немаме дури улога на малцинство во својата матична држава. Затоа што малцинствата во другите европски земји имаат јасни и дефинирани права, а нашиот Устав многукратно се ревидира и крши, законите се менуваат по ќефот на странските подржувачи на Ахмети, волјата на македонските гласачи се гази и во министерските фотелји заседнуваат криминални фаци.

Охрабрувачко е тоа што во последен момент пред укинувањето на македонската држава (со најавената официјална федерелизација), владејачката партија се разбуди, а и македонските граѓани покажаа дека стрпливоста, трпението им има крај. Конференцијата за ревизија на Рамковниот е одложена, но обратете внимание – не е заборавена. Затоа мора да бидеме активни и по никоја цена да не допуштиме укинување на државата. Албанската експанзија има успех само ако и попуштиш. Досега доста попуштавме и на странски и на домашни сепаристи и на предавници јаничари. Македонците мора да имаат самодоверба, затоа што во континуитет на милениуми покажале и храброт, и достоинство, и имале главна улога во развојот на светската цивилизација.

Денес светот живее во Орвеловата „1984“ кога вредностите апсолутно се превртени: ропството е веќе „слобода“, окупацијата – „ослободување“, теророт – „хуманизам“. Оваа шизонфренија одамна е и кај нас. Затоа проблемот е од една страна, да се зачуваме од зомбираната пропаганда, која сака да ни го помати мозокот и како што викаше (велеше) еден поет пред два века: „Свесните кај нас ги сметаат за луди“. Од друга страна, со непоматени мозоци мора да почнеме отворена и жестока борба со тие кои пропагираат тероризам маскирани како борци за демократија, човекови права, либерализам и со самите терористи – нивните сателити. Мозокот на тероризмот, на тој светски Октопод е во Вашингтон, а неговите пипци се и Ал Каеда, и Исламската држава, и косовските терористи. Протекторатот Косово е центар на балканскиот тероризам и отаму се шири преку „хуманитарните„ мисии во Македонија и во Србија.

Мора да бидеме свесни дека барањата за уништување на македонската држава преку ревизија на Рамковниот договор се пропагандното, „либерално“ лице на тероризмот. По него доаѓа автентичниот тероризам кој го видовме во 2001 година, а сега во Гошинце и во Куманово. Затоа главното прашање денес е дали ќе потклекнеме од една страна на пропагандата да се самоуништиме, а од друга на уцените дека ако не го направиме, тероризмот/ надворешен и внатрешен/ ќе не уништи. Мора секоја Македонец да знае дека македонското име /идентитет/ и држава се највисоките вредности. Сето друго, дејствителен или наметнат криминал, корупција, партиски интереси итн. се ништожни ако немате држава. Затоа мора со сите свои сили, активности и дејствија да ги поткрепиме тие кои имаат храброст да се соочат со странските и домашните терористи и да ја бранат државата, македонскиот народ и неговото име/идентитет?

Секакви пропаганди за диктатура, организиран криминал и изнесени пари од Македонија за последните девет години, се наменети за идиоти. Ние не сме такви.

Затоа со Господ напред за МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА.

Најчитани вести