Балкан

Албанскиот министер за внатрешни работи под закани за атентат

Албанскиот министер за внатрешни работи под закани за атентат
Ministri i Brendshem Saimir Tahiri, duke folur gjate nje konference shtypi, ku ka bere analizen vjetore te Policise se Shtetit./r/n/r/nMinister of Interior Saimir Tahiri, speaks during a press conference.

Албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири и членовите на неговото семејство се ставени под 24-часовно обезбедување поради заканите за атентат, соопшти албанското Министерство за внатрешни работи, пренесе МИА.

Задолжени за безбедноста на Тахири се припадниците на специјалната единица на полицијата, „Ренеа“.

Министерството додаде дека зајакнатото обезбедување на министерот и неговото семејство ќе се спроведува одреден период, без да изнесе повеќе детали.