Aлбанскиот премиер Рама се огласи преку „Твитер“

Албанскиот премиер Еди Рама се огласи преку Твитер. Тој жали за „лошиот впечаток што Србите го оставија во светот“.

За албанските медиуми порача дека „го осудува насилството против албанските играчи“, додавајќи дека е горд што „победиле во фудбалската игра“.

Иако некои албански медиуми велат дека братот на Еди Рама не бил во Белград, српската полицијата за РТС потврди дека го уапсила како организатор на инцидентот на вечерашниот меч.