Албанските и српските државјани на 4 и на 7 место по осомничени за кривични дела во Германија

Албанските државјани се на четвртото, а српските државјани се на седмото место а косовските на деветтото меѓу осомничените лица за кривични дела извршени во Германија, а на првото место се Сиријците, покажува статистиката на германските власти.

Во Германија во текот на минатата 2016 година биле регистрирани повеќе од шест милиони кривични дела, а пораснал и бројот на извршителите од 555.820 на 616.239, додека уделот на странците меѓу извршителите е зголемен од 5,7 на 8,6 отсто.

Статистиката покажува дека меѓу странците најбројни се осомничените од Сирија – 30,699, од Авганистан – 17.466, од Ирак – 12.202, од Албанија – 9.822, од Алжир – 8.332, од Мароко – 8.226, додека од Србија има 7.684 осомничени. Следат Иранците – 7.251, граѓаните од Косово – 5.039 и 4.595 лица пристигнале во Германија од Сомалија.

Статистиката, исто така, покажува дека жртвите на злосторствата на имигрантите најчесто се други имигранти, и тоа дури во 80 отсто од случаите.

И покрај растот на криминалот, Германија и натаму се смета за „релативно сигурна земја“, оценува професорот по криминална психологија Рудигер Егг, коментирајќи ги статистичките показатели за криминалот. За весникот Bild оцени дека посебно на удар се пограничните области во сојузните држави Бранденбург и Саксонија, особено кога станува збор за „банди од источна Европа“ и кражбите по становите.

„Таа е  во светот, насилниците повеќе се собираат во големите градови, бидејќи таму се и илегалните работи и трговијата со дроги, со жени, со оружје… Тоа не се случува во некое сели, туку во Берлин, или во Хамбург… Германците, сепак, не се толку многу уплашени поради вознемирувачките статистички податоци“,за криминалот и кривичните дела, заклучува Ег.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.