Албанските навивачи полека но сигурно пристигнуваат во Белград

Тензијата пред натпреварот помеѓу Србија и Албанија се повеќе расте. Навивачите на Албанија уште пред некое време најавија доаѓање во престолнината на нашиот северен сосед, иако дуелот помеѓу овие две селекции беше прогласен за натпревар со висок ризик, па поради тоа беше забрането организирано доаѓање на гостински навивачи.

1

Сепак, албанските навивачи самоиницијативно веќе почнаа да пристигнуваат во Белград, а засега нивниот престој поминува без инциденти. Дополнителна тензија внесе и косовскиот бизнисмен Бесник Бенз, сопственик на компанијата “Бенз Универзал”, кој на албанските репрезентативци им вети премија од еден милион евра доколку успеат да ја совладаат Србија среде Белград.

„Ветувам дека во случај на наша победа ќе уплатам еден милион евра како премија, а исто така ги повикувам и другите стопанственици да ме поддржат, како и навивачи на мечот против Србија“, изјавил Бесник Бенз за албанските медиуми.

Инаку ова е натпревар од групата И во рамките на квалификациите за ЕП 2016, токму репрезентацијата на Албанија е водечка по првите две кола со 4 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.