Алегри не се замара со тоа кој ќе биде новиот тренер на Милан

Актуелниот тренер на италијанскиот калчо гигант Милан, Масимилиано Алегри, откри дека не го интересира кој ќе биде следниот предводник на седумкратниот европски клупски шампион и додаде дека ќе бил посреќен доколку соработувал со Сидорф кога холандскиот интернационалец има 28 години.

“Не знам кој ќе биде следниот тренер на Милан и тоа не е мој проблем. Јас знам за последен пат, новата година ја дочекувам како тренер на Милан. Јас сум среќен и поради фактот дека им докажав на многу луѓе дека можам да бидам предводник на еден европски гигант иако истите тие не веруваа во моите квалитети. Сидорф одигра одлично во неговата претпоследна сезона како фудбалер на Милан. Станува збор за фантастичен фудбалер, но ќе бев далеку посреќен ако имав соработка со Сидорф кога холандскиот интернационалец имаше 28 години, а не 35 години”, изјави Алегри.