Алегри нов тренер на Старата дама

Избрканиот тренер од италијанскиот калчо гигант Милан, Максимилијан Алегри ќе биде ноциот тренер на шампионот Јувентус, пишува Газета дело Спорт. Алегри веќе се договорил со члниците на тимот од Торино и ќе потпишре договор на две години . Поранешниот трњенер на Милан по доаѓањето во редовите на Старата дама ќе формира свој стручен штаб и ќе ја започнмр работата во најкусо време. Алегри ( 46) ќе земе по 2.000.000 евра по сезона, плус бонуси. 

Тој на клупата ќе го замени Антонио Конте , кој изненадувачки си даде оставка од оваа функција. Конте беше во заладени односи со управата на клубот веднаш по завршувањето на сезоната, но сепак беше постигнат договор тој да остане уште една сезона на кормилото на „старата дама“. Токму затоа големо изненадување е што во последен момент се премисли и реши да си замине од клубот. Засега нема официјална информација околу причините за ваквиот развој на настаните во Јувентус, но италијанските медиуми шпекулираат дека Конте бил разочаран поради различната визија за иднината на клубот и за засилувањата за следната сезона.

Алегри, пак го водеше Милан од 2010 до 2014 година, но заради исклучително слабите резултати беше отпуштен од Силвио Берлускони . Тој ја освои титулата во Серија А во првата сезона со “росонерите”

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.