Спорт

Алегри веќе најави победа сред Милано

Алегри веќе најави победа сред Милано

Поранешниот предводник на Милан, а сега нов тренер на лутиот ривал Јувентус, Масимилиано Алегри откри дека е среќен што дерби натпреварот помеѓу двата клуба ќе биде одигран веќе во третото коло од новата клупска сезона која стартува на 30 август.

Првиот натпревар ќе биде одигран на “Сан Сиро”, а Алегри сигрно ќе биде “топло” пречекан од најверните фанови на Милан.
“Очекувам интересен натпревар, дуел помеѓу два клуба кои се борат за популарното “скудето”. Очекувам многу тешка сезона за Јувентус, но убеден сум дека мојот тим може да слави на гостувањето во Милано. Ќе се вратам на “Сан Сиро”, но како противник на Милан. Убаво ми беше додека бев тренер на Милан. Минатата сезона Милан немаше многу среќа на фудбалскиот терен, но убеден сум дека Милан и Интер ќе бидат составен дел од борбата за шампионската титула”, изјави Алегри.