Алегри задоволен од подготовките на Јувентус

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека е задоволен од подготовките на клубот во пресрет на италијанскиот фудбалски шампионат.

„Тимот беше одличен, подготвени сме за домашното првенство. Заедно со Мундијалот во Бразил, се потрудивме да бидеме добри за натпреварувачката кампања“, вели Алегри.

„Меѓу две рунди фудбалерите ќе настапуваат за репрезентациите, како и да е, подготвени сме“, додава италијанскиот фудбалски стручњак.

Јувентус сезонава ќе ја брани третата шампионска титула во низа во Италија, а тренерот кој што ги освои насловите, Антонио Конте, е селектор на „Аѕурите“.

„Поканата од Јуве беше одлична. Чест ми е што ќе бидам дел од толку важен клуб. Во Торино дојдов за да придонесам и за да победуваме“, заклучи искусниот Алегри.