Алекс Душебаев: Македонија мора да игра како против нас

На вчерашниот дуел Македонија – Шпанија „вардарецот“ Алекс Душебаев беше еден од најдобрите во својата репрезентација.

Тој по натпреварот за шансите на Македонија против Исланд изјави:

– Мора да играат како против нас, со играта 7-6, која тешко се брани, Така Македонија ќе има многу шанси за победа. Исланд има свои добри играчи и мора добро да одигра во одбрана, вели Душебаев.

Фото: Гол.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.