Алекс прва летна аквизиција на Милан

Сега веќе поранешниот фудбалер на старо-новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Алекс, успешно ги мина задолжителните лекарски прегледи и во следните неколку дена и официјално ќе биде претставен како прва летна аквизиција на италијанскиот калчо гигант Милан.

Искусниот централен дефанзивец на „Сан Сиро” пристигна како слободен фудбалер каде треба да остане во следните две сезони и каде ќе има годишна плата од 2.7 милиони евра.
„Се надевам дека ќе имам успешна сезона во Милан и дека заедно со новите соиграчи ќе го вратиме повторно овој голем европски клуб во Лигата на шампионите. Среќен сум што доаѓам во голем клуб како Милан, каде се организирано до перфекција. Ќе возвратам со добри игри на зелениот терен“, изјави поранешниот фудбалер на ПСВ и Челзи.