Спорт

Алекс решение за дефанзивниот проблем на Милан

Алекс решение за дефанзивниот проблем на Милан

Новиот предводник на италијанскиот калчо гигант Милан, Кларенс Сидорф, веќе почна да го составува списокот со фудбалери кои би требало да пристигнат на „Сан Сиро” за време на летниот преоден рок.

Поранешниот репрезентативец на Холандија е во потрага по нов централен дефанзивец кој ќе биде ангажиран како замена за францускиот интернационалец Филип Мексес кој сигурно ќе си замине од Милано на стартот од преодниот рок.

Тренерот на Милан ќе најсреќен доколку клупските челници ги осигураат услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, Алекс.

Централниот дефанзивец на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а неговиот потпис може да биде осигуран само со понудена годишна плата од 3 мил. евра што е за еден милион помала од таа што моментално ја заработува Мексес на „Сан Сиро”.