Алекс се поблиску до Сан Сиро

Поранешниот репрезентативец на Бразил и моментално стандарден првотимец во дресот на актуелниот шампион на Франција, ПСЖ, Алекс, најверојатно ќе биде првата летна аквизиција на италијанскиот калчо гигант Милан.

Искусниот дефанзивец на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а мала е веројатноста дека ќе биде исполнета големата желба да потпише нов 2-годишен договор со најбогатиот клуб во Франција.

Близок извор до таборот на Милан потврди дека 31-годишниот дефанзивец треба да потпише 2-годишен договор со седумкратниот европски клупски шампион, а таквиот договор му гарантира годишна заработувачка од 2.5 мил. евра.