Алекс Сонг ќе биде новиот соиграч на Горан Пандев

Тренерот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Рафа Бенитез се уште е во потрага по нов играч за врска, кој ќе има статус на стандарден првотимец и кој ќе помогне во реализиацијата на зацртаната цел, директен пласман во групната фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Трофејниот шпански стручњак, моментално своето внимание го насочи кон камерунскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Алекс Сонг.

Поранешниот фудбалер на Арсенал нема некоја голема минутажа на “Ноу Камп” и најчесто натпреварите ги започнува од клупата за резервни фудбалери.

Бенитез е убеден се потребни околу 12 мил. евра за да се реализира најавениот трансфер на одличниот играч за врска кој може да игра и во средниот ред, но и да биде централен дефанзивец во одредени ситуации.