Александар Чичаковски предложен за претседател на ДИК

Александар Чичаковски предложен за претседател на ДИК. Предлогот треба да биде усвоен и од пратениците на пленарна седница ова попладне.

Александар Чичаковски за претседател и Реџеп Прекопуца за потпретседател на Државната изборна комисија. Едногласно и без расправа усвоен е предлогот од Комисијата за избори и именување, двајцата експерти да го водат ова тело.

Предлогот треба да биде усвоен и од пратениците на пленарна седница најверојатно попладнево.

Вчера покрај Чичаковски и Прекопуца на лидерска средба како трет експерт беше прифатен и Атанас Урумов.

 

Четворицата лидери по само два и пол часа го утврдија составот на ДИК и го повикаа Собранието побргу да ги преземе неопходните активности со цел ДИК што поскоро да започне со работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.