Александар Николоски на мониторинг комисија во Советот на Европа

Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска ќе одржи состанок во Париз, на кој во својство на потпретседател ќе учествува шефот на делегацијата на Собранието на Република Македонија Александар Николоски.

На дневен ред на состанокот на Мониторинг комисијата, кој според Деловникот за работа се одвива зад затворени врати, пратениците ќе расправаат за можното поништување на претходно ратификуваните акредитации на членовите на Руската делегација, функционирањето на демократските институции во Азербејџан, како и исполнувањето на обврските преземни при членство во организацијата од страна на Турција и настаните во Украина.

На Мониторинг комисијата ќе биде поднесен устен извештај од посетата на Република Македонија на Делегација на комисијата, во состав Стефан Шенах, Андреас Грос и Роберт Валтер, која се случи во април 2015 година.

На маргините на состанокот, Николоски ќе оствари и повеќе билатерални средби и размена на мислења со членовите на Мониторинг комисијата.