Александар Николоски нов амбасадор во Брисел

Пратеникот Александар Николоски неодамна доби агреман и се очекува по констатирање на Собранието, откако ќе се спроведат парламентарните избори да стапи на функцијата Амбасадор на Република Македонија во Мисијата на ЕУ во Брисел, потврдуваат извори од МНР за ТВ Нова.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски беше претседател на Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, но и претседател на Делегација на Собранието на Република Македонија во Собранието на Западноевропската унија и собраниската делегација во Парламентарното Собрание на Франкофонијата.

Николоски на новата позиција, доаѓа на местото на Андреј Лепавцов, кој пет години беше амбасадор во ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.