Александар Пандов: ВМРО-ДПМНЕ ќе освои убедлива победа на овие избори

„Никола Груевски е доволно доллго на политичката сцена како лидер на партија, но и Премиер и луѓето во Македонија имаа можност да го видат неговото однесување во сите можни предизвици кој ги имаше државата во овој изминатиот период. Она што никој не може да го оспори е дека ги исполнува своите ветувања. И то е клучната разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и на овие претседателски и Парламентарни избори, кои ќе доведат до уште два, овој пат најјголеми изборни пообеди“. Вака политичкиот аналитичар, Александар Пандов во интервјуто за Пресс24, ја анализира предизборната атмосвера во Македонија. Тоа е и клучната причина за поразите на СДСМ изминативе неколку изборни циклуси, што неможат да разберат дека Груевски наметна една нова политика, која во СДСМ неможат да ја следат.Политика да се реализира тоа што се ветува.

„Каков тоа човек треба да бидеш за да на отворена сцена 7 пати по ред губиш, да те чека марс во најава, што ќе рече уште 2 нови пораза, а ти и понатаму седиш во таа партија и да пропагираш нивна политика. Малку би било да кажам дека треба да имаш тврда глава. Тука се работи за склоп на мазохизам, самонегација, фрустрации од детство и ред работи кој кај тие луѓе предизвикува чувство на задоволство после секој наредн пораз. Но од друга страна пак знам дека таму има и луѓе кај кој сепак поразот го доживуваат како пораз, како и ние останати луѓе. Кај нив мислам дека лончето е прекипано и предходно, а сега после овие избори по мене тие или ќе се приклучат кон веќе постојните партии на Зиков и Јакимовски или ќе формираат нова партија или партии“, вели Пандов за Прес24, анализирајќи ја безидејноста на опозицијата.

Тој потенцира дека Македонија со Груевски како Премиер и Иванов како претседател, покажа како треба да функционира една држава.

„Иванов крајно чесно и достоинствено си ја извршуваше својата функција. Неговата кординираност со Владата секако придонесе да имаме уште поединствена и поцврста надворешна политика по сите најчувствителни прашања. Ваквиот начин на водење на државата треба да биде пример на секој еден нареден Претседател без разлика од која и да е партија“, вели Пандов за Прес24.

Во интервјуто тој потенцира дека претседателските кандидати мораат да имаат јасен и чист став за околу стратешките интереси на државата, како што е прашањето за името. Досега вели, само од Стево Пендаровски не слушнал кој е неговиот став з атоа како треба да се реши ова прашање.

„Од Пендаровски не верувам дека ќе слушнеме јасен став. Конечно партијата која го подржува има тотално различен став од ставот на Владата. А добро еве и Пендаровски и СДСМ да излезат со некој став. И што?  Кој став по ред ќе им биде? Кој ќе им верува на тој став?  Погледнете за какви циркузанти се работи со последново околу пратеничките листи. Ги објавија и како обично бива кај нив, не додржаа ни 24 часа, ги повлекоа. Сакам да кажам, кај нив кажаното ретко има подолга важност од еден ден, па и луѓето не ги земаат за нешто многу озбилно кажаните им ставови“, вели за Прес24, Пандов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.