Александар Поповски и Роберт Насков ја прават кампањата на СДСМ?

Роберт Насков и Александар Поповски, се луѓето кои ги изработуваат спотовите за потребите на СДСМ во неколку изборни кампањи, дознава Нетпрес.

Насков е еден од продуцентите на филмот „Трето полувреме“, за чие снимање македонската Влада издвои 1 милион евра, околу 500.000 евра Филмскиот фонд на Македонија, а со донациите од спонзорите вкупната сума за филмот достигна околу 2,15 милиони евра.

Поповски, пак, во време на актуелната власт, доби 37 милиони денари за филмови и за документарци.

Редакцијата на Нетпрес ги повикува двајцата, ако толку им пречи наводниот „режим“, нека ги вратат милионите што ги зеле од оваа Влада за да работат проекти, бидејќи нели „нема демократија“.

Режисерот Александар Поповски со писмо напишано од Истанбул, а вчера објавено во низа проопозициски портали, по писанието говори за „режимот“ во Македонија и наводното немање слобода, директно напаѓајќи ја актуелната власт и претседателот Ѓорге Иванов.

Поповски пишува дека сака да биде запишано оти тој ќе гласал за Стево Пендаровски, а народот ќе избирал меѓу „сопствената, индивидуална слобода и човечко достоинство и она што тоа не е“. Истиот тој Ацо Поповски, кој сега „бара да биде запишано“, сигурно знае дека веќе е запишано тоа што во време на актуелната власт, според информациите кои ги објави порталот „Курир“, тој добил 37 милиони денари за филмови и документарци.

За само три свои претстави, „Госпоѓица Јулија“, „Животот на Молиер“ и „Одисеј“, Поповски во периодот од 2009 до 2013 година добил речиси 4 милиони денари.

И тогаш кога земал големи државни средства за свооите претстави, Александар Поповски најверојатно бил против власта, но немал ништо против да ги добие овие пари. Поповски сега од Истанбул преку писмо порачува дека сега не сакал да гласа за некој кој „соучествува во одземањето на неговата слобода“, истиот тој од кого Поповски добивал милионски суми поддршка за своите претстави.

„После сето ова, што да се каже освен блазе си му на Ацо Поповски. Браво за ’режимот’ од кого Ацо Поповски добил 37 милиони денари за своите претстави филмови и документарци. Веќе е запишано дека со ваков ’режим’ нема зима за Ацо Поповски, замислете некој друг режим дојде на власт. Зарем има некој кој не би сакал да е како Ацо Поповски и во услови на она што тој го нарекува ’режим’ да добива вака дебели суми како поддршка. Којзнае, Поповски можеби во Истанбул на турските колеги ќе им ја раскаже приказна за македонскиот режим, но ако тој се реши да го открие она што ’веќе е запишано’, односно колку средства има добиено од страна на актуелната власт за своите проекти, секако ќе биде предмет на потсмев.

Поповски може слободно да си гласа за Пендаровски, в недела во конзулатот во Истанбул, ако се пријавил за гласање. Или во Скопје, ако не му е понижување да долета во режимската држава, за која зборува во отворениот проглас, но, за неговото јавно перење не е доволно да гласа, или да каже дека ќе гласа. Доследноста за која зборува веднаш нека ја примени на дело. Да ги врати парите на граѓаните, што би рекол неговиот идол, бидејќи нели, кој од режимот пари зел, не може за слобода да зборува или пак режимот е толку режим, што ги плаќа сопствените критичари“, објавува „Курир“.

Актерот Тони Михајловски се почуствува прозван од писмото на Поповски и му порача „не само што е запишано Искендер туку и наречено е да изгубите“.

„И ке изгубите за да ви биде јасно дека Слободата е тука и не ви ја даваме повторно да ја затворите во најтемната соба и да го фрлите клучот. Гледаме и правиме разлика од мизерните бараки во кои не оставивте. Правиме разлика меѓу темно и светло, но и помеѓу Свето и приземно. Бедниот третман на работникот и уништувањето на средната класа која сега саката да ја вратите. Вие кои ја убивте сега сакате да ја вратите. Нели е тоа болно и како ли се нарекува во медицината не знам друже ама знам дека делата зборуваат за мажите, а не нивните жени. Но, тоа е уште една ваша одлика. Се криете зад фустаните на жените. Вашите жени се за вас мажишта Искендер“, напиша Михајловски.