Александар Поповски освои четири оскари во Турција

Две претстави на режисерот Александар Поповски освоија четири награди на доделувањето на главните државни награди за театар што се одржа синоќа во Истанбул, Турција.

Познатите турски „оскари“ отидоа во рацете на Поповски за најдобра режија за претставата „Создавачите на империјата“, а претставата „Сон на летната ноќ“ ги освои „оскарите“ за најдобра претстава, најдобра сценографија и најдобра машка споредна улога.

Претставите на Поповски биле номинирани во пет категории од турската академија „Афифе Зале“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.