Александрова: СДСМ со незаконско назначување на директори, прави криминал

Владата на шверцерски начин сака да протурка некомпетентни кадри, кои треба да раководат со институциите, на тој начин СДСМ со незаконско назначување на директори, прави криминал и сите нивни одлуки се незаконски, изјави за медиумите во четвртокот пратеничката Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ со незаконското назначување на директори прави криминал. Согласно законот, се што тие ќе потпишат, направат, изготват е незаконски. Владата уште во првиот месец прави криминал. Од Владата на СДСМ има целосен и апсолутен молк, во однос на грубото прекршување на законите, со незаконското именување на функционери. На повеќе државни институции. Владата на шверцерски начин сака да протурка некомпетентни кадри, кои треба да раководат со институциите. Таков еклатантен пример е со предлогот на Владата до Собранието, спротивно на закон за директор на Агенцијата за државни службеници да се именува член на највисоките партиски органи на СДСМ“, рече Александрова.

Оцени дека наместо професионализација, државата добива груба партизација.

„Спасе Глигоров е предлогот на Владата на СДСМ, а тој водено е и член на Извршниот одбор на СДСМ. Член 16, став од законот за државни службеници е јасен, директор на агенцијата за државни службеници не смее да биде лице кое е член на органите на политичка партија. Со неговото предложување Владата на СДС го крши законот и место професионализација, сака да спроведе груба партизација на администрацијата. Дополнително, не постои никаков законски основ за отповикување на досегашниот директор, согласно законот за државни службеници. СДСМ спротивно на закон предложува за директор на Агенција за државни службеници партиски војник, за да им ја врши грубата партизација на администрацијата“, прецизираше Александрова.

Напомена и дека прекршен е законот за задолжително познавање јазик, бидејќи никој од кандидатите немаат приложено сертификат.

„Законите и процедурите не се испочитувани, преку назначувањето на директори на Службен весник, Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, Државниот архив, Управниот инспекторат, кој е задолжен да ги штити процедурите, кои СДСМ ги крши наголемо. Ниту еден од споменатите, за оние кои согласно закон е предвидено задолжително познавање јазик, немаат приложено сертификат. Разрешувањата се направени без претходен оглас. Ветуваа транспарентност, добивме самоволие, ветуваа законитост, добивме шверцерско прекршување на законите, ветуваа професионалци, добивме партиски војници. Бараме итно повлекување на незаконските одлуки на Владата и почитување на законите“, порача Александрова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.