Алексеј Мешков: Русија не претставува опасност по НАТО

Русија не претставува опасност по НАТО, изјавил денеска заменикот министер за надворепни работи на Русија Алексеј Мешков, пренесоа Итар Тас и новинските агенции.

Тој додал дека е забележано натрупување на силите на Северноатлантската алијанса на западната граница на Русија.

„Ја следиме ситуацијата и ќе превземеме мерки да обезбедиме сигурност на државата.  Практичната соработка со НАТО е сосема замрзната, што претставува негативен фактор. Тешко е да се разбере каква врска има тоа со кризата во Украина“ рекол Мешков.

Потсетил дека американските бомбардери во летачката мисија над  Калинградската област, руска енклава окружена со Литванија, Полска и Балтичкото море, дека сега САД испраќа воени авиони адекватни за транспорт на нуклеарно оружје во базата Амари во Естонија, а НАТО го зголемува присуството  во Црно Море.