Алексиќ: Обвинението за Груевски во „Тенк“ е застарено

Во завршните зборови на случајот со набавка на блиндирано возило адвокатката Сања Алексиќ нагласи дека покрај тоа што не постојат докази за делото, обвинението е застарено бидејќи се поминати повеќе од три години од самиот предмет.

„Ќе зборувам и со јазикот на обвинителството и ќе тргнам од нивните тврдења па ќе истакнам дека со обвинителен предлог СЈО го терети обвинетиот Никола Груевски за кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од чл 359 ст 2 од КЗ за кое е запретена казна затвор од една до три години. Од страна на обвинителството се доставија аудио материјали од незаконско следење на комуникации и со тонски запис од 26 февруари 2012 тагодина обвинителството тврди дека обвинетиот во разговор со женска особа бара набавка на возило на буквата М од каде прејудицира дека истиот побарал да се купи ново блиндирано ПМВ од марката Мерцедес. Согласно чл 30 од КЗ кривичното дело е сторено во време кога сторителот работел или бил должен да работи без оглед кога настапила последицата. Согласно чл 107 ст 1 т 5 од КЗ застареноста за гонење на предметното кривично дело настапува со протек на три години од извршување на кривичното дело. Согласно чл 108 ст 6 од КЗ застареноста на кривично гонење настапува во секој слчај кога ќе помине два пати онолку време колку што според закон се бара за застареноста на кривичното гонење, изјави адвокатката Алексиќ.

Оттука со оглед дека е поминато повеќе од шест години, додаде Алексиќ одмоментот за кој обвинителот тврди дека обвинетиот Никола Груевски го сторил кривичното дело кое му се става на товар евидентно е дека по вака презентираното обвинение настапила апсолутна застареност на кривичното гонење,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.