Алексов: Конечно и источниот дел на Македонија почнува да се раздвижува со инфраструктура

Конечно и источниот дел на Македонија, од аспект на инфраструктура, почнува да се раздвижува, вели извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко АЛексов во дебатата на ТВ НОВА.

Овој експресен пат од Велес, Лозово и овој дел сега од Миладиновци, Свети Николе, Штип, тие се капитални проекти. Исто така Штип-Радовиш. Тие биле тесни грла, а знаеме дека источниот дел на Македонија не е само земјоделско производство, таму има и текстилни фабрики, стотици камиони кои произведуваат текстил, се товараат и се транспортираат преку Европа. Тоа е огромен бенефит за тие текстилни компании, вели Алексов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.