Алексов потврди дека финансиската полиција била во „Мост“

Извршниот директор на невладината асоцијација МОСТ, Дарко Алексов, потврди денеска дека претставници на финансиската полиција биле во „Мост“, каде барале конкретни документи, пренесува телевизијата „Телма“.

Алексов вели дека разговорите со инспекторите биле конструктивни и коректни и оти тие на вработените во невладината организација им дале рок од неколку дена за да ги најдат податоците кои биле побарани.

Во понеделникот имавме состанок со Финансиската полиција на кој разговаравме со инспекторите. Коректно и прецизно ни побараа да ја подготвиме нашата документација и ни дадоа неколку дена за да ја доставиме. „Мост“ работи во согласност со законските прописи и ги почитува законите на Македонија, изјави Алексов.

Одговарајќи на новинарско прашање за информациите од Финансиската полиција која денеска соопшти дека ги проверува финансиите на едно лице на чија сметка со години се префрлале значајни средства, Алексов рече дека Мост во текот на минатите 14 години на професионална основа има ангажирано домашни и странски експерти, кои во тој период добивале адекватна компензација и паричен надомест.

Не се работи за еден, туку за повеќе експерти кои биле ангажирани во текот на овие години, изјави Алексов.

Извршниот директор на МОСТ подвлече дека и дека ја очекуваат финансиската полиција да ги провери сите документи кои ќе ги подготват во невладината асоцијација и да усвојат адекватни заклучоци.

Инаку по однос на овие информации денес преку писмено соопштение се огласи и Финансиската полиција, повеќе за ова на следниот линк.