сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 55

Алексовска: Скопјани конечно ќе добијат забавен парк изграден по сите светски стандарди

luna park

Поврзани вести

Со новиот забавен парк очекуваме да се генерираат зголемени приходи од работењето на забавниот парк со годишна посетеност од околу 200.000 посетители, најмногу семејства и деца до 15 години. Со овој проект скопјани конечно ќе добијат забавен парк изграден по сите светски стандарди, посочи во своето обраќање Слободанка Алексовска, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во советот на Град Скопје.

Интегрален текст од изјавата на Алексовска:

На денешната седница на Советот на Град Скопје ќе бидат донесени две важни одлуки поврзани со реализацијата на капиталниот проект – изградба на нов забавен парк – ЛУНА ПАРК.

Станува збор за проект кој е од исклучителна важност за Град Скопје како развиен културно-историски и спортско-рекреативен туристички центар, кој со изградбата на еден ваков нов и модерен забавен парк ќе понуди забава и возбуда, а во исто време и ќе пружи поголема безбедност за неговите посетители.

Со изградбата на нов и модерен забавен парк се реализира проект кој ние го ветивме за време на Локалните избори во 2013 година, со што уште еднаш се покажува разликата помеѓу тие коишто со реализирање на проекти ги исполнуваат дадените ветувања кон граѓаните, и оние кои кариери им се базираат на празни ветувања и немаат реализирано ниту еден проект за подобрување на животот на граѓаните.

Новиот ЛУНА ПАРК во Скопје ќе се реализира на вкупна површина од околу 24.000 метри квадратни и неговата изградба и поставување на нови реквизити ќе се одвива во период од 3 години, поточно до 2018 година. Истиот ќе се гради согласно обемното и конкретно истражување извршено во „Студијата за изградба на нов забавен парк во Скопје“ на „ИДОМ Консалтинг“ од Шпанија, а според второнаграденото решение од конкурсот за идејно решение за изглед на новиот ЛУНА ПАРК изработено од „БУИЛД УРБАН“ Скопје.

Со ова ќе се изврши целосна промена на старите и дотраени реквизити, кои во најголем број не се заменети од последната реконструкција на ЛУНА ПАРКОТ во 1973 година.

Изградбата на новиот ЛУНА ПАРК вклучува влезна партија со билетара, продавница за сувенири, канцеларии за администрација, тоалети и гардероби за вработени, во отворениот простор ќе бидат изградени и продавница за слатки, продавница за храна, јавни тоалети, ресторан, како и затворен мултинаменски објект во вид на школка. Целиот простор ќе биде партерно и хортикултурно уреден, со водена површина-езеро, а ќе биде поставена и урбана опрема во согласност со темите кои ги прикажува забавниот парк.

Главниот забавен дел ќе се состои од набавка и монтажа на опрема (реквизити) и тоа:

  • 2 адреналински реквизити
  • 6 Семејни реквизити
  • 18 Детски реквизити

Вкупната проценета вредност за изградба на Забавен парк (Луна парк) набавка реквизити и нивно монтирање изнесува 400 милиони денари или околу 6,5 милиони евра.

Со новиот забавен парк очекуваме да се генерираат зголемени приходи од работењето на забавниот парк со годишна посетеност од околу 200.000 посетители, најмногу семејства и деца до 15 години.

Со овој проект скопјани конечно ќе добијат забавен парк изграден по сите светски стандарди.

Најчитани вести