Ален Хасановиќ потпиша договор со „Гранд“ продукција

Ален Хасановиќ, прилепчанецот кој го крена жирито на нозе со својата изведба во музичкото телевизиско шоу „Ѕвездите на Гранд“ и официјално стана дел од најголемата српска продукција „Гранд“.

Имено, харизматичното момче кое со својот неверојатен талент за пеење успеа да го воодушеви целиот регион,  потпиша договор на 9 години со „Гранд“ продукција. Во наредните 9 години продукцијата „Гранд“ во целост ќе се грижи за кариерата и имиџот на Хасановиќ, а младиот пејач за сите свои активности ќе мора да бара одобрение од својот нов менаџер, Саша Поповиќ.

Како потсетување, во февруари групата Молика на чело со Анета потпиша договор со „Гранд“ за издавање на албум и соработка, а Џими Мицевски големата соработка ја сподели со своите Фејсбук пријатели.

alen

– Дојде и денот кога потпишавме договор со Гранд продукција од Белград за издавање албум и соработка, напиша тогаш Џими Мицевски на својот Фејсбук профил.

Продукцијата „Гранд“ е основана во 1998 година, а се занимава со музичка и телевизиска продукција. Седиштето на фирмата е во Нов Белград, а големите телевизиски студија се наоѓаат на Кошутњак. Директор и одговорен за сите активности во продукцијата е Саша Поповиќ.