Алепо: Најмалку 44 мртви во напад со буриња со ТНТ

Силите на Башар ал Асад извршија уште еден трагичен напад. Вчера беа бомбардирани три поголеми градови во северот на Сирија.

Сириската организација за човекови права соопшти дека најмалку 44 лица, меѓу кои и шест деца  загинале при воздушните напади од страна на владините сили кога со хеликоптери пуштале буриња полни со експлозиви.

Според објавите од локалните медиуми  една од бомбите погодила автобус, при што загинале сите лица кои се превезувале во него.

Во северниот град Алепо се претпоставува дека во напад врз болница има најмалку 50 жртви, јави државната новинска агенција „САНА“.

Организациите за заштита на човековите права велат дека сириската армија веќе осум дена ги бомбардираат позициите на бунтовниците во Алепо.

Според „Репортери без граници“ Сирија е најопасната земја за новинари, 27 професионални и 93 локални новинари се убиени од март 2011 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.