Македонија,Политика

Алфа: Солза Грчева и Љубица Буралиева ги повлекуваат оставките

Алфа: Солза Грчева и Љубица Буралиева ги повлекуваат оставките

Пратеничките на СДСМ, Солза Грчева и Љубица Буралиева се предомислија и ги повлекуваат оставките од пратеничките мандати.

Како што ексклузивно објави ТВ Алфа, тие не се согласувале со одлуката на партијата за бојкот на Парламентот и сметат дека треба да се дејствува одвнатре.

По Роза Топузова Каревска, и овие две претнички не се откажуваат од мандатите. Изгледа кај женскиот дел во партијата, владее поголем разум и политички сенс.

Грчева доста беше активна на Фејсбук и речиси редовно ги промовираше партиските ставови, но откако ја смени одлуката го изгасна и профилот.

Солза Грчева беше на 6-та позиција на партеничката листа во првата изборна единица, Љубица Буралиева на 4-та во втората.

Од таму за Алфа тврдат дека, овие потези нема да ги предомислат ниту раководството, ниту останатите пратеници од листите на СДСМ во бојкотот на собранието и институциите ан системот.

Солза Грчева беше професор по информатика науниверзитетот ФОН во Скопје, а Љубица Буралиева е долгогодишен новинар во македонската радио телевизија, со последна позиција на новинар во вестите на првиот канал на МРТ.

“Јас со крвава работа во советот ја добив честа да бидам на пратеничката листа на опозицискиот блок. До последен момент, до среда кога конечно треба да ни биде верификувано враќањето на мандатот ќе бидам гласна дека овој бојкот што го предложи раководството за мене не е прифатлив и сметам дека поинаку треба да ја водиме борбата за уривање на власта. Ќе размислувам до последен момент и како ќе продолжам ќе биде моја одлука”, изјави Грчева.

Во среда треба да се верификуваат поднесените оставки на пратениците на сдсм и опозицијата. Со Грчева и Буралиева, сега тројца пратеници од листите на сдсм и опозицијата остануваат во собранието. Меѓу нив е и Роза Топузова – Каревска која до денеска беше единствената која не го врати мандатот кој и го дадоа граѓаните.