Македонија

Алфа-Видео: Спој на духовното и световното- Плаошник го враќа она што го зело времето

Алфа-Видео: Спој на духовното и световното- Плаошник го враќа она што го зело времето

Телевизија Алфа ексклузивно го претстави новиот изглед на локалитетот Плаошник.Со сигурност, ова место ќе биде магнет за странските туристи и место каде ќе уживаат и со кое ќе се гордеат Македонците.

Се градат три комплекси кои содржат шест објекти. Потребата од возобновување на Светиклиментовиот Универзитет произлегува од импактот на оваа школа која има огромен придонес во описменувањето на словенскиот свет, објави телевизијата.

Плаошник станува културен и научен центар.

-Жариштето на сесловенската писменост и култура го добива новиот лик, но се задржува автентичноста на охридската архитектура. Со одобрение од министерството за транспорт и врски, се градат три комплекси, согласно ДУП-от на Охрид. На површина од околу 900 квадратни метри, од левата страна на црквата,ќе се простираат магазинските конаци. На местото на охридската школа на Свети Климент сега ќе биде Богословскиот факултет, објави АЛФА.

Во овој комплекс ќе се наоѓа и една од најбогатите библиотеки на Балканот во која ќе може да се пронајдат голем број од книжевните дела на големиот учител и просветител.

-Во вечното светилиште ќе биде сместена и галеријата на охридски икони кои се со непроценлива вредност. Свое место во зградата ќе добие и МАНУ. Плаошник ќе има и свој плоштад. Новоизградените објекти со пешачки патеки ќе бидат споени со место каде е лоциран споменикот на Св. Климент под кој се наоѓа вечниот оган, открива АЛФА.

АЛФА објави видео приказ и детали за ова возобновување.