Алфа: Заев со „бомбата“ само го замајува членството и граѓаните и купува време

Заев со „бомбата“ само го замајува членството и граѓаните. Откако ги најави наводните аргументи со кои кои ќе ја сруши власта, веќе не го прашуваат за поразот од 200 илјади гласа на изборите, пишува Алфа.

Битола градот каде што Заев почна со трибините членството очекуваше да ја активира „бомбата“ од аргументи со која тврди дека ќе ја сруши власта. Но тоа беше уште едно ново разочарување за нив. Некои и отворено му префрлија за неговото раководење и однесување.

Разочараноста според партиски извори се уште е присутна, особено кај пратениците кои стравуваат за своите пратенички места, но јасно му кажувале на лидерот дека нема лесно да се откажа, пишува Алфа.

Скоро два месеци Заев зборува, но никако наводните докази да ги пред сопартијците, но и граѓаните. Ова не е ништо друго туку само тактика за купување време. Вака експертите ги коментираат случувањата во опозициските редови.

-Најлошото црно сценарио во кое 30-ина терористи го држат под заложништво преполн стадионот „Филип II “притоа да се закануваат со бомби закачени на нив дека во воздух ќе го разнесат целиот стадион. Два месеци да не направат ништо, после се ќе ни стане јасно дека тоа е само купување на време и потреба од медиумска застапеност. Тврдам дека Заев со т.н бомби само купува време кај своето членство кое е депримирано и разочарано од изборниот пораз од 200 илјади гласа разлика, а дополнително и од анкетите. Кои покажуваат дека со ова стратегија СДСМ смао оди надолу и надолу, вели политичкиот аналитичар Александар Пандов.

Пандов е уверен дека Заев всушност не поседува „бомба“, туку само ја замајува јавноста.

-Ако по утрото се познава денот и ако бомбата на Заев беше она со пасошите, тогаш сме свесни дека и понатаму ќе гледаме домашни видеа, во крајно евтина продукција, истакна Пандов.

Од владејачката партија досега неколкупати ги повикаа нивните политички опоненти да објават ако нешто воопшто поседуваат. На тоа опозициската партија им одговори дека ќе ги обелоденеле доказите, кога ќе почувствувале дека е вистинско време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.